*YAXWE* - Yet Another Xacktogether of West and East

Од 14 до 16 септември 2007 во Пула во Хрватска, во организација на Монтепарадизо хаклаб и Мултимедијалниот институт, ќе се одржи хакерската конференција *YAXWE* - Yet Another Xacktogether of West and East.
Целта е да се соберат хакери од Источна Европа, Западна Европа и од остатокот од светот во неформална околина каде што ќе можат да ја презентираат својата работа, да разменат вештини (споделат знаење!) и да дебатираат за социо-политичките прашања поврзани со хакирање. Ќе се дискутира на теми како:
- политика на хакирање
- хакерската автономија наспроти парите
- хакерски идентитети
- различни истории на хакирање на истокот и западот
- нелегални активности и пиратство
Настанот е отворен за сите заинтересирани хакери. Повеќе информации на yaxwe.org.




