Упатства
Биди анонимен

На Вики објавивме содржина во оформување која треба да Ви помогне да го зачувате Вашето основно право загарантирано во Уставот на Република Македонија, правото на приватност. Со Вашиот Интернет идентите може да се научат многу работи. Пребарувачите, индексирањата и пополнувањето на форми на Мрежата остава многу информации за сите нас. На некој тие му се потребни, ако е доволно моќен може да ги добие, и да манипулира на било кој можен начин.
Затоа, строго препорачливо е да користите анонимен идентитет. Тоа што сте го оставиле зад себе заврши. Биди анонимен!
Регрутација.
- Најавете се за да испраќате коментари
Вовед во Perl

Од серијата упатства што ги донесуваме од Вики за слободен софтвер, овојпат ви го претставуваме Основи на Perl.
Што е Perl?
„Perl е програмски јазик, првенствено направен за манипулација со текст, а денес се користи и за други операции како системска администрација, веб развивање, мрежно и програмирање на графички алатки.
Јазикот е направен да биде практичен, лесен за користење, ефикасен, комплетен, а во исто време е мал, елегантен и минимален. Негова главна предност е тоа што е лесен за пишување, поддржува процедурално и објектно-ориентирано програмирање, има вградени алатки за текст обработка и има еден од светските најимпресивни колекции на модули...“ (од општата содржина за Perl)
Упатство: Миграција на Ubuntu Linux

Иако постојат многу англиски упатства за мигрирање од Windows на GNU/Linux, го издвојуваме ова упатство кое се наоѓа на Вики за слободен софтвер, а кое следејќи го можете да добиете претстава за тоа како изгледа процесот на мигрирање, што се треба да направите за да мигрирате и што потоа.
Целта на редицата вакви содржини кои ќе ги објавуваме на овој портал е популаризација на содржините од ова Вики и помагање на корисниците да дојдат до квалитетни содржини од базата на знаење што заедницата ја гради.
Nautilus како FTP, SSH и Samba клиент

Менаџерот за датотеки Nautilus е една од најважните и најкористените апликации во работната околина GNOME. Nautilus го користиме за копирање, бришење, реименување и креирање на датотеки и папки на датотечниот систем. Она што можеби не сте го знаеле е дека истата апликација можете многу брзо и едноставно да ја претворите во FTP, SSH или Samba клиент преку кој што многу побрзо и поедноставно ќе можете да ги подигнете вашите датотеки на одредена локација.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
Неверојатно лесно поставување на Samba и NFS споделување на датотеки

Ако сакате да споделувате податоци помеѓу вашите Виндоус машини и Линукс компјутерот и да го користите вашиот домашен Линукс компјутер како едноставен датотечен сервер, можете да си потрошите неколку дена во читање на еден куп упатства или да ги искористите овие неверојатно едноставни /etc/samba/smb.conf и /etc/exports датотеки.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
Инсталација на Слеквер Линукс за почетници

Слеквер претсавува оперативен систем базиран на Линукс. Негов основач е Patrick Volkerding, кој во 1993 ја вади првата верзија од една од најстарите (веројатно и најстарата) ГНУ/Линукс дистрибуции. Пред да започнете со користење на оваа дистрибуција, имајте ја на ум кратенката KISS, која сосема одговара на начинот на кој овој систем е дизајниран и функционира. Keep it simple, Stupid! Колку и да звучи претенциозно, едноставноста на Слеквер го прави се поуспешен во секоја негова следна верзија.
Како се компајлира кернел

- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
Инсталација на Мандрак ГНУ/Линукс

Оперативниот систем ГНУ/Линукс е слободен софтвер, издаден под GNU GPL лиценца. Тоа значи дека може слободно да се инсталира, користи, проучува, усовршува, дистрибуира...
ГНУ/Линукс, заедно со голем број програми за најразлични намени, со едно име се нарекува дистрибуција на ГНУ/Линукс. Најпознати и најчесто користени дистрибуции на ГНУ/Линукс се „Ред хет“, „Сусе“, „Мандрак“ и др. Деловите потребни за инсталација и извршување на оперативниот систем и програмите, можат слободно да се преземат од Интернет или да се набават на некој носител на податоци, на пример CD или DVD. Денес дистибуциите на ГНУ/Линукс, најчесто се испорачуваат на неколку CD-a или поретко на еден DVD. Процесот на инсталирање е многу едноствна процедура поделена на неколку чекори. За секој чекор при инсталирањето може да се повика непоходно објаснување за опциите.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
Избирање на ГНУ/Линукс дистрибуција

Едно од првите прашања што ќе ви паднат на ум кога ќе се одлучите да инсталирате ГНУ/Линукс е „Која дистрибуција да ја изберам?“. Секако, ова е едно од најчесто поставуваните прашања во врска со ГНУ/Линукс.
Прашањето е малку потешко да се одговори одколку што изгледа на прв поглед. ГНУ/Линукс дистрибуциите доаѓаат во најразлични пакувања, со свои сопствени предности и недостатоци. Едни се дизајнирани за лесно користење, други за напредни корисници, едни за моќни компјутери со многу RAM, а други за постар хардвер со слаб процесор.
Запознавање со „iptables“

Беше тоа поодамна кога администраторот претставуваше личност која го троши целото свое време на поврзување и комуникација на компјутерите во една компјутерска мрежа. Денес времето за таа активност е сведено на минимум, а поголем дел се посветува на безбедност на компјутерските мрежи и рестрикција до одредени мрежни ресурси.
На прв поглед се чини дека тоа се прави на почеток и потоа е „гола вода“ но не треба да го заборавиме златното правило „get secure and stay secure“.





