debian

Зошто Debian?

Испратено од А.Балаловски во 10 Септември, 2007 - 17:20.
::
debian

Исповед на Брус Бифилд, осврт кон неговото искуство со други дистрибуции и причини зошто ќе продолжи да користи Debian. Текстот е интересен за лица кои се прашуваат кои се некои од предностите на Debian GNU/Linux.

Debian GNU/Linux Etch 4.0, излезе

Испратено од А.Балаловски во 9 Април, 2007 - 10:24.
::
debian

Излезе долго-очекуваниот (за неговите корисници) Debian 4.0, со кодно име Etch. 21 месечната работа врз оваа верзија го прави Debian Etch многу постабилен, посигурен и побрз, а она што се јавува како новитет за верзијата е целосно интегрираниот инсталационен процес.

Прочитајте го официјалното соопштение и прегледајте ги сликите од екранот.

Debian, powerful and safe.

debian
Mnogu Dobar Wallpaper

Излезе Дебиан Сарџ

Испратено од Владо во 7 Јуни, 2005 - 08:41.
::
debian
Конечно, после 3 години развој излезе Дебиан 3.1 под кодно име Сарџ. Дебиан подржува 11 процесорски архитектури и доаѓа на 14 CD-иња или 2 DVD-а. Листа на огледални страни за директно преземање тука, торенти тука. Ви препорачувам преземање на торент бидејќи FTP и HTTP огледалата моментално се преоптеретени и кога би пробале да преземате од нив би имале доста бавен трансфер.

Нова надградба за Дебиан

Испратено од Арангел во 18 Април, 2005 - 09:52.
::
debian
Иако сеуште се чека на Дебиан „Sarge“, излезе нова надградба на стабилната верзија на Дебиан ГНУ/Линукс 3.0 („Woody“). Во најголем дел се работи за безбедносни закрпи и поправки на некои посериозни проблеми. Повеќе тука.

Преземете ја anaconda за Debian

Испратено од ufo во 9 Декември, 2003 - 03:04.
::
debian
Излезе првата верзија на anaconda инсталерот за Debian. Новите особини се: промена на кодот за да се овозможи инсталирање на софтвер со користење на APT наместо RPM и напишана нова алатка за градење на „anaconda-базирана“ инсталација, од „repository-то “ на Debian, директно на ЦД. Како и да е ова е прва верзија и не очекувајте се да работи како што треба. Преземање и повеќе информации овде.

Red Hat Anaconda на Debian

Испратено од ufo во 26 Октомври, 2003 - 23:52.
::
debian
Според оваа порака испратена на мејлинг листата на Debian, посветена на развивачите, луѓето од Progeny прават напори да го портираат славниот инсталер Anaconda на Debian. Тие исто така се надеваат дека со овој проект ќе го овозможат користењето на .deb и .rpm пакетите одеднаш на иста GNU/Linux дистрибуција. Како и да е, сигурен сум дека многумина со нетрпение го очекуваат денот кога ќе можат да инсталираат Debian со графички инсталер како Anaconda.

Debian Desktop Project

Испратено од Иван во 25 Октомври, 2002 - 13:33.
::
debian
Debian Desktop подпроектот е група од волонтери кои сакаат да го креираат најдобриот оперативен систем за домашна и корпоративна употреба на работни станици. Нивното мото е "Софтвер што навистина работи". На кратко, нивната цел е да го донесат Debian, GNU и Linux во mainstream светот. Повеќе за Debian Desktop Project овде.

HOWTO за Debian

Испратено од Атомик во 23 Август, 2002 - 04:42.
::
debian
Доколку сте храбар корисник на Debian дистрибуцијата, Debian HOWTO Package Managment е must-read за вас! Овој текст ги покрива основните работи кои треба да се знаат за инсталирање и надградување на апликации во Debian. Содржи и доста корисни конзолски трикови и ги објаснува основните конзолски операции за уредување на апликациски пакети. Повеќе овде

Crypt софтвер

Испратено од ufo во 2 Март, 2002 - 22:45.
::
debian
Вработените во Debain испратија порака до сите debian mirror одржувачи за да ги информираат за постоечката ситуација како и за идните планови. Во пораката е најавено дека некаде после 8 Март "Crypt" софтвер како што е OpenSSH и SSL подршката ќе може да се најде и во главната архива на Debain. Повеќе овде.