Ubuntu

Излезе Ubuntu 8.04

Испратено од Арангел во 25 Април, 2008 - 00:55.
::
Ubuntu
Денес беше објавена новата верзија на една од најпопуларните GNU/Linux дистрибуции, Ubuntu 8.04 (Hardy Heron). И оваа верзија доаѓа со солидни подобрувања и подобрен македонски превод. За тура низ новите подобрувања кликнете тука.

BBC за Ubuntu

Испратено од А.Балаловски во 21 Април, 2008 - 16:28.
::
Ubuntu

Интересна статија за Ubuntu се појави на сајтот на BBC News. Покрај најавите за новата верзија на оваа дистрибуција, се дава осврт и на работата на „таткото“ на проектот Ubuntu, Mark Shuttleworth.

Вреди да се прочита.

3 дена до Ubuntu 8.04

Испратено од Теодор во 21 Април, 2008 - 00:05.
::
Ubuntu
По објавените бета верзии на новиот Ubuntu 8.04 полека почна се ближи и конечната верзија на овој оперативен систем. Планирано е Ubuntu 8.04 да биде готов и конечната верзија ќе може да се симне на 24 Април 2008. До објавување на новата верзија останаа уште 3 дена. Очекувањата на корисниците се многу големи, а и Ubuntu заедницата се надева дека нема да ги изневери потреби и очекувањата на корисниците.

Ubuntu HardyHeron бета

Испратено од А.Балаловски во 21 Март, 2008 - 10:20.
::
Ubuntu

Следната стабилна верзија на Ubuntu GNU/Linux, 8.04 треба да излезе во месец април. Дотогаш остануваат уште неколку бета изданија за тестирање на новитетите во Ubuntu HardyHeron. Денес излезе првата бета верзија на HardyHeron. Главна промена во оваа бета верзија е GNOME 2.22, новата верзија на работната околина GNOME, Xorg 7.3, подобрено Linux 2.6.24 јадро и други новитети. Сите што сакаат да помогнат во доразвивањето на стабилната верзија може да пријавуваат грешки и предлози преку стандардните ресурси на Ubuntu заедницата.

Ubuntu Brainstorm: Идеи за развој на Ubuntu

Испратено од А.Балаловски во 3 Март, 2008 - 18:48.
::
Ubuntu

Имате идеја која сѐ уште ја нема во Ubuntu Linux? Или некоја имплементација не функционира како што очекувате и мислите дека може да се реализира на подобар начин? Објавете ја на Ubuntu Brainstorm.

Со оваа кампања, Ubuntu тимот, кој според тоа колку идеи и мислења се споделени на сајтот (па и преку нивните форуми) има навистина голема заедница, сака да ги сослуша корисниците на нивната омилена дистрибуција и да им пружа уште поголемо задоволство.

Излезе Ubuntu Mobile

Испратено од А.Балаловски во 26 Февруари, 2008 - 13:21.
::
Ubuntu

Ubuntu Mobile е новиот производ на проектот Ubuntu, од која произлегува оперативен систем за мобилни уреди, со цел да се покријат потребите на компјутерските компоненти за мобилни Интернет услуги. Ubuntu Mobile е базиран на Ubuntu Linux, со поддршка за хардверски компоненти од познати производители, кои најавија негово искористување во иднина.

Ubuntu Mobile нуди можност за инсталирање и користење и на неслободни кодеци, кои стандардно не се вклучени во системот, како и редица познати апликации кои доаѓаат стандардно во системот.

 

Ubuntu Hardy Heron 8.04 alpha4

Испратено од А.Балаловски во 3 Февруари, 2008 - 23:58.
::
Ubuntu

Излезе четвртата алфа верзија на Ubuntu/Kubuntu Hardy Heron, 8.04. Оваа верзија ќе биде со долгорочна поддршка (3г. за десктоп и 5г. за серверската верзија) и најавува навистина интересни новитети преку кои работата со GNU/Linux ќе биде задоволство за сите. Покрај стандардните поправки на пропусти, грешки и дополнувања во функционалноста, ќе има и визуелни подобрувања преку нови теми и бои на интерфејсот во Ubuntu, додека Kubuntu од верзија 8.04 почнува да користи KDE 4.0.0 како своја стандардна работна околина.

Краток преглед на новитетите кои ќе ги видиме во новата верзија во април можете да видите овде, а слики од екранот овде.

Користете го терминалот за да добиете корисни информации за вашиот систем

Испратено од Новица во 1 Февруари, 2008 - 16:12.
::
Ubuntu

Имате проблеми, правите надградби или само сте љубопитни? Дознајте што имате на компјутерот без да го отштрафувате куќиштето. Со помош на овие команди можете да добиете детали за вашиот хардвер и дистрибуцијата.

(Тестирани од оригиналниот автор на Ubuntu 7.10, но би требало да работат на секоја GNU/ Linux дистрибуција. Сиот софтвер е вклучен во основната инсталација на Ubuntu, освен ако не е поинаку назначено.)

Графичка карта:
glxinfo - детали за OpenGL, Xserver-от и графичката карта
glxinfo | grep direct - дали имате директно 3d рендерирање?
glxinfo | grep vendor - производител на графичка карта
lspci | grep VGA - специфичен модел на графичка карта
glxgears - едноставен тест за 3d
xrandr - поддржана резолуција на екранот

Аудио:
lspci | grep Audio - аудио контролер
aplay --list-devices - повеќе информации за уредот за аудио

Компјутерите на Dell со Ubuntu се поскапи од оние со Windows или не?

Испратено од Новица во 4 Ноември, 2007 - 17:44.
::
Ubuntu

Авторот вели дека од слично конфигурираните Inspiron 1420 (Windows) и Inspiron 1420N (Ubuntu) лаптопи, поефтини се тие со Windows.

Некои од коментарите сепак отркиваат и други детали.

Повеќе на ITWire: врска.

Македонски сервер огледало за Ubuntu 7.10

Испратено од Арангел во 23 Октомври, 2007 - 14:39.
::
Ubuntu
Неофицијалниот огледало сервер за Ubuntu е веќе ажуриран. Новите ISO слики од Ubuntu (7.10) и Kubuntu (7.10) како и потребните складишта за feisty и gutsy можете да ги најдете на следнава адреса: http://mirror.on.net.mk/ubuntu.