OpenOffice

OpenOffice 2.4

Испратено од А.Балаловски во 29 Март, 2008 - 20:03.
OpenOffice

Излезе последната верзија од серијата 2 на OpenOffice.org. Следна верзија ќе биде 3.0. Оваа верзија доаѓа со многу нови можности и поправки на грешки. Симнување на македонска верзија тука.

Плус одлична презентација на новите можности на OO.org 2.4.

OpenOffice.org 2.3

Испратено од А.Балаловски во 19 Септември, 2007 - 09:04.
OpenOffice

Излезе OpenOffice.org 2.3, издание кое ги спојува новите можности вклучени во пакетот како и голем број поправени грешки и пропусти. Детали од изданието има тука, со листа на сите новитети што оваа верзија на OpenOffice.org канцеларискиот пакет ги нуди.

OpenOffice.org е преведен на македонски, можете да го симните овде.

IBM се вклучува во развојот на OpenOffice.org

Испратено од А.Балаловски во 11 Септември, 2007 - 13:31.
OpenOffice

IBM ќе се приклучи кон заедницата на развивачи на OpenOffice.org и ќе придонесува со програмски код и ресурси кон овој проект, објавуваат од IBM. Оваа компанија веќе одамна го поддржува слободниот софтвер, особено кога станува збор за слободни стандарди и отворени формати како ОДФ, кој потекнува од OpenOffice.org проектот.

IBM сака да помага да се дојде до подобар канцелариски пакет кој ќе понуди уште подобри перформанси од тековните со што ќе се забрза вклучувањето на OO.org во владите, образовните институции итн.

Од IBM одлучија 35 свои развивачи од кинескиот развоен центар на компанијата да почнат да работат исклучиво на OpenOffice.org. Прекувремено ќе придонесуваат код, ќе работат на подобрување на употребливоста и можностите за пристапност до OO.org, со што ќе се подобри целиот квалитет на канцеларискиот пакет.

Излезе OpenOffice2.2

Испратено од Владо во 30 Март, 2007 - 11:06.
OpenOffice

Вчера излезе OpenOffice2.2. Подобрувања има многу, но прво што ќе забележите е подобреното прикажување на текст во сите делови на апликацијата. Тоа се должи на тоа што во поранешните верзии опцијата kerning, техника за подобрено прикажување на пропорционалните фонтови, не беше преддефинирано овозможена додека сега е. Исто подобрен е и извозот во pdf формат, кој сега подржува обележувачи и формулари и многу други.
Целосниот список на промени го има на белешките за изданието и на соопштението за печат.
Симнување на македонска верзија тука.

Излезе OpenOffice.org 2.1

Испратено од Владо во 13 Декември, 2006 - 09:18.
OpenOffice

Вчера излезе OpenOffice.org 2.1. Оваа верзија донесува повеќе нови можности меѓу кои најважни се:

Апликацијата за презентации Impress сега подржува повеќе монитори, со можност презентаторот да избира на кој монитор ќе ја прикаже презентацијата.

Апликацијата за табеларни пресметки Calc има подобрен извоз во HTML формат, преку користење на стилови за подобро прикажување на оригиналната табеларната пресметка во прелистувачот.

Апликацијата за база на податоци Base, има бројни подобрувања, вклучително и подобра поддршка за Microsoft Access.

Полуларниот Quickstarter е достапен сега и за GNU/Linux корисниците како GTK апликација.

Симнување на македонски верзии за најпопуларните оперативни системи тука.

Упатства за вас прекрасни луѓе

Испратено од Игор во 4 Ноември, 2006 - 19:00.
OpenOffice

Вредните луѓе од Фондацијата Метаморфозис ги превеле документите и упатствата за работење со OpenOffice.org на македонски јазик.
Сепак изгледа дека заборавиле да ги објават во електронска форма, но на начин достапни за секого. Затоа еве ги овде, во PDF и ODT формат, за сите кои сакаат да научат подобро да работат со OpenOffice, упатства за вас прекрасни луѓе.

OO Base - ODT/PDF
OO Calc - ODT/PDF
OO Impress - ODT/PDF
OO Writer - ODT/PDF

Цело упатство - PDF

Излезе OpenOffice 2.0.4

Испратено од Владо во 14 Октомври, 2006 - 18:39.
OpenOffice

Во петок 13.10.2006 година, точно на шестиот роденден на OpenOffice.org излезе верзијата 2.0.4.
Оваа верзија е последна од 2.0 серијата, следната верзија ќе биде 2.1.
Во оваа верзија има многу поправки на грешки, како и многу нови функции, како што е подобрено создавање на PDF датотеки, директен извоз на документи во LateX, нови функции во Calc и Impress и многу други.
Но најважна новина е можноста за користење на проширувања (екстензии) слично како во Mozilla Firefox. Се повикуваат сите заинтересирани развивачи да почнат да развиваат проширувања. Повеќе за проширувањата тука.
Македонски верзии за симнување, тука.

Излезе OpenOffice.org 2.0.3

Испратено од Владо во 2 Јули, 2006 - 15:31.
OpenOffice

Три месеца од излегувањето на верзија 2.0.2 еве ја и новата подобрена верзија 2.0.3. Оваа верзија е мешавина на нови можности, поправки на грешки и сигурносни закрпки.
Поважни подобрувања се следниве:



  • Подобрени перфоманси, на пример 23% подобрување во некои операции во Calc;


  • дополнителни подобрувања во компатибилноста со форматите на Microsoft Office;


  • нова подобрена интеграција за праќање на датотеки во формат на MS Office како електронска пошта;


  • поголема контрола при изнесувањето во PDF датотечен формат;

  • подршка за Intel архитектурата за Mac OS X плус подобрена интеграција во MAC OS X;

    вградена проверка за нови верзии.



Полниот список на промени можете да го видите тука.
Во моментов на македонски јазик има верзии само за GNU/Linux и Windows, а за MAC OS X се очекува во наредните 7 дена. Македонските верзии можете да ги симнете од тука.

Дали користите легален канцелариски пакет?

Испратено од А.Балаловски во 4 Мај, 2006 - 12:44.
OpenOffice

Кампања на OpenOffice.org за ширење на вистината за канцеларискиот пакет што може целосно да ги замени неслободните пакети за кои е потребно цело богатство за нивно легализирање, т.е. купување/изнајмување на лиценца.

Една од анкетите покажала дека 86% од корисниците радо би преминале кон користење на ОpenOffice.org одошто да купат MS Office 2007.

За целата работа на македонски можете да прочитате тука. На истата страна се наоѓа и упатство за поставување на банер за ОО.орг на вашиот веб сајт.

ODF изгласан од страна на ISO/IEC

Испратено од Владо во 4 Мај, 2006 - 07:09.
OpenOffice

На 1-ви Мај во Женева беше изгласан Open Document Format на OASIS за канцелариски апликации или скратено ODF како стандард за зачувување на податоци во сите канцелариски апликации. Да бидеме попрецизни, неговиот тековен статус е 40.60 , но според блогот на Енди Апдегрув за стандарди пријавата е усвоена без негативни гласови, што значи дека следната фаза е 40.99 и конечното усвојување како стандард е само формалност.
Ова е од огромно значење за широко прифаќање на ODF, а со тоа и на OpenOffice.org кој што се базира на него, од страна на владите во Европската унија кои што се посебно негативни кон Мајкрософт и неговото монополистичко однесување.

OpenOffice.org е целосно преведен на македонски јазик, а македонската верзија за сите позначајни оперативни системи можете да ја симнете од тука.