2С.мк
Билтен на Слободен софтвер Македонија април 2008

Содржина:
- Пресконференција: „Кирилицата и слободниот софтвер“;
- Нов систем за пријавување на грешки во проектите за локализација;
- Pidgin, софтвер за инстант пораки целосно преведен на македонски;
- Ресурсен центар „Ubuntu за Македонија“.
Пресконференција: „Кирилицата и слободниот софтвер“
Слободен софтвер Македонија во просториите на НВО Инфоцентарот одржа кратка презентација за новинарите за кириличните можности на слободниот софтвер.
За презентацијата беше користена најновата верзија на GNU/Linux дистрибуцијата , која патем, е целосно локализирана на македонски јазик.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
Пет години Слободен софтвер Македонија

На 28.10.2007 година навршуваат 5 години од основачкото собрание на Слободен софтвер Македонија и нешто повеќе години од активности поврзани со слободен софтвер.
По тој повод ќе организираме забава во Клубот на новинари во сабота 27.10.2007. Почетокот е околу 21:30 часот. Забавата е од отворен тип, а ние ќе пуштаме музика и ќе проектираме материјали од изминатите активности.
Ќе ни биде посебно задоволство доколку го одбележиме овој ден заедно со сите луѓе што имаат допирни точки со слободниот софтвер и слободната култура.
Мапата е тука.
- Најавете се за да испраќате коментари
Вејн Вота од Geekcorps на Сподели знаење #5

На Сподели знаење #5 предавање ќе одржи Вејн Вота, директор на geekcorps.org. Темата е
International Careers in FOSS.
Човекот има големо меѓународно искуство работејќи на имплементирање на ИКT проекти од Либан до Мали, искуствата што ќе се обиде да ги пренесе опфаќааат аватури кои ги имале имплеметирајќи FLOSS решенија од Тимбакту во Мали, до искуството и предизвиците кои со себе ќе ги донесе развојот на OLCP проектот. Значи имаме еден доста харизматичен говорник, со доста динамичен стил кој се надевам ќе претставува предизвик да се погледне.
Ова е ретка прилика за сите нас, па се надеваме ќе има повеќе луѓе отколку што има на нашите вообичаени средби. Би сакал да замолам сите што имаат некакви контакти со заинтересирани луѓе да им испратат информација за ова со цел да имаме што е можно побројна публика.
Се надевам дека се ќе оди по планот и дека ќе имаме успешна средба на 23-ти во 20:00 часот.
- Најавете се за да испраќате коментари
Потерница за дизајн на slobodensoftver.org.mk

-
Се бара дизајн направен во фотошоп или гимп, со сите нишани,
- Инфо детално за она што се бара има на http://bugs.softver.org.mk/task/94
- Наградата е 1000 денари,
- Рокот е до петок 12 јануари 2007 год. до 23 часот и 59 минути,
- На листа се испраќа URL од PNG/JPG/GIF верзија на дизајнот. Самата сличка да се закачи на некое друго место.
- Прашања и одговори се случуваат овде.
- Правила:
- Секој може да се пријави со колку сака дизјани,
- По примерот на bounty-јата на ubuntu (и слични) Слободен софтвер Македонија го задржува правото да не одбере ниту еден од предложените/поднесените дизајни, или да одбере некој кој делумно ќе ги задоволува барањата и за тоа дизајнерот да добие дел од наградата.
- Најавете се за да испраќате коментари
Споделете знаење!

- Најавете се за да испраќате коментари
Оглас за подготовка на понуда за тренинг на тренери

Слободен софтвер Македонија во рамките на UNDP проектот Support to e-Governance initiatives based on Free/Open Source Software at the local level in FYR Macedonia доби барање за понуда за одржување на тренинг на тренери.
Затоа, ги повикуваме сите членови на заедницата кои имаат искуство со работа со слободен софтвер и кои досега се афирмирале како активни учесници во проектите кои биле спроведувани од страна на Слободен софтвер Македонија, да подготват понуда доколку се заинтересирани.
Потребен документ за изготвување на понудата е официјалниот Terms of Reference. Рокот за доставување во UNDP 28.09.2006 год.
Предлог понудите да се испратат до info-AT-slobodensoftver.org.mk најдоцна до 27.9.2006 год. Надлежниот орган на Слободен софтвер Македонија потоа ќе ја избере најдобрата понуда, ќе ја верификува со печат и ќе ја предаде во UNDP Македонија.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
ОССМ: Работни препораки до UNDP

Слободен софтвер Македонија е поканета да учествува во проектот „Support to e-Governance initiatives based on Free/Open Source Software at the local level in FYR Macedonia“ поддржан од програмата за развој на Обединетите нации во Република Македонија (UNDP). Како наш придонес во подобра имплементација и развој на проектот, го спремивме овој документ кој ќе биде презентиран на одборот за советување кој е оформен како тело на проектот. Во тоа тело членуваат ЗЕЛС, Фондацијата Метаморфoзис и претставници на UNDP. Документот ќе биде презентиран на следниот состанок на ова тело. Слободен софтвер Македонија го објавува достапен за јавноста.
- Најавете се за да испраќате коментари
Софтверот на ФПИОМ ги игнорира заложбите на НСИО

Софтверот на ФПИОМ ги игнорира заложбите на Националната стратегија за информатичко општество. Прашањата за независност од софтверска платформа и достапност за сите се игнорирани при изработката на клиентскиот софтвер за МППП.
Понудениот софтвер работи само под оперативните системи Microsoft Windows. Како таков, тој ги дискриминира обврзниците кои не користат такви оперативни системи на своите персонални компјутери.
Ова е во спротивност со Националната стратегија за информатичко општество, документ кој го усвои и Собранието на Р. Македонија, каде на повеќе места се споменува „независност од софтверска платформа“ и „достапност за сите“, а кои се однесуваат на услугите кои ќе ги нудат државните институции. Во стратегијата стои заложба за промовирање на слободен софтвер, која во овој случај исто така се заобиколува.
Повеќе на веб сајтот на Слободен софтвер Македонија.
- Најавете се за да испраќате коментари
Ден на слободниот софтвер во Скопје

- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе





