Секакви

7 корисни навики за ефективно користење на GNU/Linux

Испратено од А.Балаловски во 21 Април, 2008 - 16:36.
Секакви

Покрај тоа што зад GNU/Linux стои директен пристап до изворниот код за прилагодување на Вашите потреби, досега се има формирано цврста основа преку заедницата на корисници која им помага на новите корисници при започнувањето со работа со овој оперативен систем. Во овој текст се споменуваат 7 навики што треба да ги стекнете за да имате ефективно искористување на можностите на GNU/Linux. Сепак, не се само тие, корисникот своите навики ги стекнува со индивидуално искусување и доаѓање во допир со предизвиците што слободниот софтвер ги нуди за изнаоѓање на решенија за проблемите со кои би се соочиле.

Домашен мултимедијален сервер под GNU/Linux

Испратено од А.Балаловски во 4 Февруари, 2008 - 00:09.
Секакви

Многумина мислат дека склопување на серверска платформа е само за експертите кои се бават со тоа. Но овој текст нѐ разубедува во тоа. Многу сликовито и забавно опишува како можете да составите мултимедијален сервер кој ќе работи под GNU/Linux и преку кој ќе можете да уживате во Вашиот дом.

...склопување на хардверот.

Надгледување на уредите

Испратено од А.Балаловски во 5 Ноември, 2007 - 14:58.
Секакви

Со надгледувањето на работата на дисковите можете да имате преглед што се случува на вашиот систем, кој процес ги црпи ресурсите на дискот и во каква состојба е дискот во моментот. На тој начин ќе можете да го продолжите животот на вашите дискови, со тоа што ќе реагирате секогаш кога ќе се појави некој проблем.

Според статијава.

OGG како алтернатива на Mp3

Испратено од А.Балаловски во 5 Ноември, 2007 - 14:49.
Секакви

Видео во кое се дискутира што е OGG и зошто треба да се користи овој отворен формат наспроти неслободниот Mp3 формат. Повелете:

Освежување

Испратено од Игор во 9 Октомври, 2007 - 15:17.
Секакви

Пред вас го гледате освежениот linux.net.mk, кој е резултат на следниве активности:

За време на викендот успеавме да го мигрираме друпалот од верзија 4.6 на верзија 5.2, со ова ги имаме погодностите што ги нуди оваа верзија на друпал во поглед на градењето на теми и во поглед на безбедносни закрпи.

Од сега тоа ќе го правиме редовно како што тимот на друпал ги издава новите верзии и како развивачите на модули и теми ги прилагодуваат за новата верзија на друпал.

Во моментов има мала некомпатибилност со менито за навигација на левата страна и со сликите кои им се додаваат категории, во би требало да биде решено во текот на овој месец.

При миграцијата има проблеми со кодирањето на Mysql базата предизвикано од надградба на серверот од 4.1 на верзија 5.0 и тие беа надминати, тоа малку ја забави миграцијата.

Се на се, пред вас имате брза, стабилна и благодарение на А. Балаловски, содржински богата страница.

Херојот кој им помага на сиромасите

Испратено од А.Балаловски во 3 Октомври, 2007 - 23:26.
Секакви

..и не само на сиромасите. Им помага и на невладини, непрофитни организации, на амбициозни проекти кои не можат да си дозволат голем буџет. И сето тоа го прави преку премостување на јазолот кој стои помеѓу старите хардверски компоненти и корисниците, а мостот се вика Ubuntu Linux.

Типот беше прогласен за херој на CNN(flash видео). Склопува компјутери од делови кои ги берел цели 13г., на нив инсталира Ubuntu и им ги дава на лицата и организациите кои имаат потреба од нив. Видеото е многу интересно, строго препорачано за секој.

Бета SELF платформа

Испратено од А.Балаловски во 6 Септември, 2007 - 15:17.
Секакви

SELF (Science, Education and Learning in Freedom) ја објави својата прва бета верзија на платформата за слободно учење, образование и наука. Од таму велат:

Многу нешта се сработени досега за да се поубава, по пријателски расположена за крајниот корисник и сеопфатна платформа, без пропусти и грешки која е поставена на сервери со големи капацитети. Но, факт е: бебето е родено и Вие можете да си играте со него. Регистрирајте се слободно и започнете со истражување на платформата. Додавајте нови курсеви, лекции, уредувајте постоечки, зачувајте ги омилените итн. Можете да увезувате и извезувате објекти за учење (во SCORM форматот), иако тој процес во моментов е малку бавен

Се радуваме што идејата за ваква платформа се остварува, посакуваме уште поголеми успеси и за скоро, материјали за учење на македонски, во SELF платформата.

Германија: 33 универзитети на GNU/Linux

Испратено од А.Балаловски во 30 Август, 2007 - 13:40.
Секакви

Би било прекрасно кога слободниот софтвер се имплементира во сите образовни институции во нашата земја. Така државата ќе заштеди огромни суми пари, а учениците ќе добијат знаење кое може да е основно барање за идното работно место после нивното образование, запознавајќи се со слободниот софтвер.

Една таква прекрасна вест доаѓа од Германија. 33 универзитети преминуваат на GNU/Linux. Тоа прерачунато доаѓа дека GNU/Linux треба да користат повеќе од 560.000 студенти. Од таму велат:

Овој чекор е направен за да им се понуди поефтин систем за образование на колеџите, истовремено овозможувајќи пофлексибилна IT архитектура во споредба со неслободниот софтвер.

За таа цел избрана е Novell-овата дистрибуција SLED.

Ефективен анти-вирусен софтвер за GNU/Linux

Испратено од А.Балаловски во 28 Август, 2007 - 13:21.
Секакви

Ако за GNU/Linux речиси и да нема вируси, зошто системските администратори користат анти-вирусен софтвер на нивните сервери за е-пошта? Како да се филтрираат пораките кои пристигаат преку даден сервер за е-пошта и како да се дојде до чиста порака за крајниот корисник?

Интересна содржина која открива два анти-вирусни скенери за GNU/Linux преку кои администраторите ќе можат да го контролираат потенцијалното ширење на вируси преку серверите надгледувани од нив.

Amarok 1.4.7

Испратено од А.Балаловски во 28 Август, 2007 - 13:02.
Секакви

Неодамна излезе Amarok 1.4.7. Новата верзија носи новитети кои се однесуваат на интерфејсот и на функционалноста на системот за управување со бази на податоци.

Развојот на омилениот на многумина плеер, полека но сигурно води кон Amarok 2.0, KDE4 апликација која треба да излезе паралелно со KDE4.