Слободен софтвер
Amarok 2.0 -nightly builds

Од денес, преку серверите на проектот Amarok достапно е алфа издание на популарниот музички плеер Amarok 2.0 под името Neon. Корисниците на (K/X)Ubuntu може да го симнат преку Apt-get складиштето достапно овде.
Се работи за алфа верзија, нормално е да има пропусти. Ако сакате да му помогнете на развивачите на Amarok, пријавувајте ги.
Инаку, Amarok од верзија 2.0, покрај за GNU/Linux ќе биде достапен и за Windows и за Mac OS платформите.
- Најавете се за да испраќате коментари
Излезе Joomla 1.5

- Најавете се за да испраќате коментари
Trolltech ја објави Qt платформата под GPL v3

Норвешката компанија Trolltech за време на одржувањето на конверенцијата, посветена на развивачите ана софтвер кои ја користат Qt платформата објави дека ќе ја прифати GNU Јавната општа лиценца верзија 3 за понатамошните верзии на Qt почнувајќи од Qt4. Веста ја пренесе извршниот директор на Trolltech Хавард Норд.
Оваа вест беше пречекана со аплауз и одобрување како во салата, така и ширум интернет мрежата. Одлуката меѓу другото ќе овозможи неодамна издадената KDE 4.0, работна околина, или барем делови од неа да бидат издадени по GPL v3, изјави челникот на GNU и фондацијата за слободен софтвер, Ричард Сталман.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
Холандија ќе употребува софтвер со отворен код

Холандската влада го одреди арпил 2008 за рок за нејзините агенции да почнат да користат софтвер со отворен код, кој секој може да го променунва и кој работи со различни видово на технологија.
Владините организации се уште ќе можат да користат неслободен софтвер и затворени формати, но според новата политика ќе треба да го оправдаат тоа.
Меѓу другото, политиката ги насочува владините организации на национално ниво да бидат спремни да го користат отворениот формат за документи, ODF, за да снимаат текстуални документи до април, а на регионално и локално ниво до 2009.
Деталната вест е тука.
- Најавете се за да испраќате коментари
Drupal: Најдобриот систем за управување со содржини за 2007


Drupal е добитник на Open Source CMS наградата за 2007 година.
Првото место носи и парична награда од 5000 долари кои финансиски ќе ја зајакнат Drupal асоцијацијата и ќе овозможи понатамошен развој на проектот Drupal.
Основачот на проектот, Dries Buytaert и честита на Drupal заедницата за напорната работа и посветеноста во изминатава година за да се зајакне Друпал платформата и да се олесни раотата со неа, воедно се заблагодари и за призанието.
Отттука наредната верзија која се работеше изминатава година, нуди навистина бројни видливи подобрувања меѓу кои и:
- Подобрена локализација и интернационализација
- Подобрување на перформансите и кеширањето
- Поддршка за OpenID
- Автоматизација на задачи со акции и систем на тригери
- Бројни подобрувања на употребливоста
Честитки и од Linux.net.mk за нашата платформа и навистина големо благодарам за луѓето од Drupal заедницата.
Со нетрпение го очекуваме и нашето мигрирање кон Drupal 6.
Зошто избра GNU/Linux, пак

Уште една содржина во која авторот не запознава одблиску со неговиот избор.
„Зошто избрав GNU/Linux“, од Мет Хартли.
Зошто GNU/Linux е веќе успех?

Последно време се појавуваат многу текстови со содржини во кои предвидуваат дали GNU/Linux ќе успее на десктоп пазарот, дали ќе биде прифатен од компании за мали, средни и големи бизнис цели, итн. Многумина од нив прогнозираат со неиздржани аргументи.
Типов сето тоа го анулира и вели, „GNU/Linux веќе е успешен“.
Меѓународен ден на слободен софтвер

Светскиот Ден на слободен софтвер (ДСС) се одбележува неколку години наназад. Оваа година, третата сабота во месец септември (како и што се одредува датумот за прослава на ДСС) е на 15 септември. Настани по тој повод ќе има во Скопје, Битола и Прилеп. Скопје и Прилеп слават на самиот ден, 15ти септември, додека Битола, спојувајќи ги прославите на ДСС и ДСС на Битола (21 септември) слави на 21ви овој месец.
Ве повикуваме што помасовно да се вклучите во акцијата на заедницата. Ќе има дискови, прирачници, памфлети, балони, проекции на филмови и други видео материјали, и што е најважно дружење. Заедницата на слободен софтвер и оваа година го слави денот на слободен софтвер, со тоа што го носи слободниот софтвер ширум низ улиците на нашата земја!
GPLv3 одобрена од OSI

GPL се користи за повеќе од 80% слободен софтвер во светот. Постојат илјадници софтверски проекти што користат GPLv2. Миграцијата и прифаќањето кон/на GPLv3, според статистиките оди глатко и побрзо од очекуваното. GPLv3 донесува многу новитети кои Ви гарантираат уште поголема слобода.
OSI (Open source initiative) пак е иницијатива за поддршка на слободен софтвер, прифаќање на лиценци кои се во склад со идеологијата на слободниот софтвер итн. OSI конзорциумот безусловно даде зелено светло на третата верзија на GPL како слободна лиценца. Повикуваме да ја користите и Вие при развој на слободен софтвер.
*YAXWE* - Yet Another Xacktogether of West and East

Од 14 до 16 септември 2007 во Пула во Хрватска, во организација на Монтепарадизо хаклаб и Мултимедијалниот институт, ќе се одржи хакерската конференција *YAXWE* - Yet Another Xacktogether of West and East.
Целта е да се соберат хакери од Источна Европа, Западна Европа и од остатокот од светот во неформална околина каде што ќе можат да ја презентираат својата работа, да разменат вештини (споделат знаење!) и да дебатираат за социо-политичките прашања поврзани со хакирање. Ќе се дискутира на теми како:
- политика на хакирање
- хакерската автономија наспроти парите
- хакерски идентитети
- различни истории на хакирање на истокот и западот
- нелегални активности и пиратство
Настанот е отворен за сите заинтересирани хакери. Повеќе информации на yaxwe.org.





