Поддршка од сенаторот Обама за ODF, ако победи

Испратено од А.Балаловски во 20 Ноември, 2007 - 21:51.
::
ODF

Никогаш досега не се случило на овој портал да објавиме политичка вест. Но оваа е поврзана со она што ние го поддржуваме и за што се залагаме покрај слободниот софтвер - отворените и слободни формати. Имено, на тековната претседателска кампања за претседателските избори во 2008г. кандидатот за претседател Барак Обама најави дека доколку тој биде избран за претседател, ќе ја стави сета документација и останати владини податоци онлајн во транспарентен формат како што е Отворениот формат за документи.

Firefox 3.0 бета 1

Испратено од А.Балаловски во 20 Ноември, 2007 - 13:52.
::
Firefox

Излезе првата бета верзија на најпопуларниот прелистувач, Firefox, верзија 3.0.

Верзијата не е препорачана за секојдневна употреба, само за развивачи и тестери, затоа што сепак е бета и има пропусти кои може да повлијаат на интегритетот на Вашите податоци.

Симнување овде.

Google Android

Испратено од А.Балаловски во 16 Ноември, 2007 - 13:38.
::
Google

Зошто Google својата нова мобилна платформа ја става под слободна лиценца и ја базира на Linux? Затоа што ја знаат моќта на слободниот софтвер. Од неодамна објавен е Android, системска платформа за мобилни уреди која е слободен софтвер и која треба да послужи како основа за оформување квалитетна развојна околина за мобини и вградени уреди.

Истовремено можете да ја прегледувате и документацијата за Android SDK.

Fedora инсталирана над 50.000 пати!

Испратено од А.Балаловски во 13 Ноември, 2007 - 19:01.
::
Fedora

Според статистиките што RedHat ги води за симнувањето и популаризацијата на десктоп дистрибуцијата која тие ја поддржуваат, а која се развива од заедницата, минатиот викенд Fedora 8, која излезе неодамна, ја инсталирале над 50.000 корисници. Правењето статистики се одвива преку читање на записниците за пристап до yum складиштата, со што се добива претстава колку корисници го користат yum, а со тоа и Fedora.

Кога првпат излезе Fedora 8, пак над 70.000 уникатни беа регистрирани кои пристапиле кон огледалата за симнување.

Java-apps.org

Испратено од А.Балаловски во 13 Ноември, 2007 - 10:44.
::
java

Родена е нова сестра на заедницата на OpenDesktop.org, Java-Apps.org. Сајт за објавување на слободни Java апликации, исто како KDE-apps, Qt-apps итн.

Сајтот е прилично нов и сѐ уште нема многу апликации, но се очекува развивачите на Java апликации да ги стават своите производи за скоро време. Вие можете да помогнете оваа идеја да се реализира поквалитетно, доколку Вашите апликации, аплети, библиотеки и сл. ги ставите на овој сајт.

Писмо од Франсоа до Стив: Мандрива ја доби и ја изгуби битката со Мајкрософт во Нигерија

Испратено од Новица во 10 Ноември, 2007 - 14:52.
Mandriva

We actually closed the deal, we took the order, we qualified the software, we got the machine shipped. To conclude, we did our job. And, the machine are being delivered right now.

Now, we hear a different story from the customer : “we shall pay for the Mandriva Software as agreed, but we shall replace it by Windows afterward.”

Целото писмо.

Како да направите GNOME да личи на леопард Mac

Испратено од Новица во 10 Ноември, 2007 - 14:34.
::
gnome

Опширно упатсво (цели 6 страници) се наоѓа тука.
Ако јас се прашувам, малку е без врска тоа што и стапалото се менува со јаболко.

Може некој од локалниве гномаши да го проба ова.

Fedora 8

Испратено од А.Балаловски во 9 Ноември, 2007 - 13:39.
::
Fedora

Fedora 8 веќе се наоѓа на многуте серверски огледала ширум светот, а и ние имавме прилика да ја тестираме.

Новитети: нов изглед (изгледа прекрасно), апликација за инсталирање на кодеци, можност за онлајн GNOME интеграција, поддршка за Compiz и Compiz-Fusion, подобрувања на поле на безбедноста и стабилноста, најново јадро итн. Белешки за изданието.

ЗАБЕЛЕШКА: За корисниците на македонската локализација, има пропуст во инсталерот на Fedora (кој е пријавен уште од Fedora 7, но за жал не е поправен), па така кога инсталирате изберете англиски (или друг јазик кој го разбирате).

Бонус: Упатство за инсталирање на Fedora 8 (англиски).

Почнува масовното производство на малечкиот зелен лаптоп

Испратено од Игор во 8 Ноември, 2007 - 13:08.
::
OLPC

Волтер Бендер изјави дека на 6 ноември конечно почнува масовното производство на ОЛПЦ, со почетно производство од 15 000 лаптопи неделно, кое потоа постепено ќе се зголемува. Quanta Computer познатиот кинески производител на повеќето останати лаптопи, е задолжен за производство на XO компјутерите.

 Производство на ОЛПЦ

Се смета дека конечно се заокружува целиот проект околу ОЛПЦ, останува владите да почнат на нарачуваат од ХО машините, нешто што се одвива побавно од планираното, а со тоа и цената не е во можност да падне под психолошката 100 долари за еден лаптоп. Целиот концепт на ОЛПЦ се базира на масовно производство во рангот на милиони парчиња, каде што количината би надоместила за ниската цена. Но тоа сеуште останува да биде видено.

Drupal: Најдобриот систем за управување со содржини за 2007

Испратено од Игор во 6 Ноември, 2007 - 12:00.
Слободен софтвер


Drupal е добитник на Open Source CMS наградата за 2007 година.
Првото место носи и парична награда од 5000 долари кои финансиски ќе ја зајакнат Drupal асоцијацијата и ќе овозможи понатамошен развој на проектот Drupal.

Основачот на проектот, Dries Buytaert и честита на Drupal заедницата за напорната работа и посветеноста во изминатава година за да се зајакне Друпал платформата и да се олесни раотата со неа, воедно се заблагодари и за призанието.

Отттука наредната верзија која се работеше изминатава година, нуди навистина бројни видливи подобрувања меѓу кои и:

  • Подобрена локализација и интернационализација
  • Подобрување на перформансите и кеширањето
  • Поддршка за OpenID
  • Автоматизација на задачи со акции и систем на тригери
  • Бројни подобрувања на употребливоста

Честитки и од Linux.net.mk за нашата платформа и навистина големо благодарам за луѓето од Drupal заедницата.

Со нетрпение го очекуваме и нашето мигрирање кон Drupal 6.