OLPC во Македонија, успешни презентации

Испратено од А.Балаловски во 6 Јануари, 2008 - 16:23.
::
OLPC

Благодарение на дел од заедницата на слободен софтвер од Македонија, во три градови во земјава беа организирани три одделни настани за презентирање на малиот зелен лаптоп кој произлезе од проектот OLPC. Првиот настан се одржа во Скопје, во Точка, и се помина во најдобар ред. Филмови, материјали, дискови, OLPC лаптопи.

Потоа малиот лаптоп патуваше за Битола, каде Лугола организираше настан за децата и професорите од основите и средните училишта. Што се случуваше читајте овде, а слики од настанот гледајте тука.

Последната презентација се одржа во Прилеп, а OLPC таму го откри Лугоп, групата на GNU/Linux-аши од градот на револуцијата. Еве слики и од таму.

Уште само 5 дена до KDE 4.0

Испратено од А.Балаловски во 6 Јануари, 2008 - 16:08.
::
kde

Остануваат само уште 5 дена до конечното излегување на првата стабилна верзија на популарната работна околина KDE 4.0. Дотогаш нема да се смени ништо позначајно од ситуацијата во која KDE 4.0 е во моментов на објавување на оваа информација. Кодот е означен како код за издавање (tag:release) и првите бинарни пакети се очекува да прострујат по мрежата веднаш по 11ти јануари.

За тие што не знаат, за објавувањето на KDE4, се спрема журка во просториите на Google Mountain View во САД, каде програмерите од KDE и други придонесувачи кон проектот ќе го прослават новото, за многумина револуционерно, издание. Останува да се радуваме и надеваме.

Објавен Flightgear 1.0.0

Испратено од Новица во 23 Декември, 2007 - 16:19.
Игри

После повеќе од 11 години развој, објавен е Flightgear 1.0.

Тоа беше една од првите важни игри кои се слободен софтвер и прерасна во симулатор за летање кој може да им конкурира на неслободниоте противници. Во играта има неверојатни детали, а сепак таа работи на скромни конфигурации.

Прегледот на играте е тука, а можете да ја земете од официјалната страница.

NYSE преминува на Linux

Испратено од Игор во 23 Декември, 2007 - 15:58.
::
Linux

GHOP за GNOME на македонски

Испратено од Арангел во 17 Декември, 2007 - 22:51.
::
gnome

GHOP (Google Highly Open Participation TM Contest ) им овозможува на учениците од средните и основните училишта во Македонија да научат како да придонесуваат во заедницата на корисници на слободен софтвер, да си го повежбаат англискиот како и да научат некоја нова работа на компјутерот, нешто што ќе им користи во иднина во животот. За сето ова Google доделува награда од 100 долари и GHOP маичка за сите учесници.

Моментално има две пријавени задачи поврзани со локализацијата на документацијата на GNOME на македонски јазик.

Повеќе информации тука.

Холандија ќе употребува софтвер со отворен код

Испратено од Новица во 14 Декември, 2007 - 21:21.
Слободен софтвер

Холандската влада го одреди арпил 2008 за рок за нејзините агенции да почнат да користат софтвер со отворен код, кој секој може да го променунва и кој работи со различни видово на технологија.

Владините организации се уште ќе можат да користат неслободен софтвер и затворени формати, но според новата политика ќе треба да го оправдаат тоа.

Меѓу другото, политиката ги насочува владините организации на национално ниво да бидат спремни да го користат отворениот формат за документи, ODF, за да снимаат текстуални документи до април, а на регионално и локално ниво до 2009.

Деталната вест е тука.

Биди анонимен

Испратено од А.Балаловски во 30 Ноември, 2007 - 21:10.
Упатства

На Вики објавивме содржина во оформување која треба да Ви помогне да го зачувате Вашето основно право загарантирано во Уставот на Република Македонија, правото на приватност. Со Вашиот Интернет идентите може да се научат многу работи. Пребарувачите, индексирањата и пополнувањето на форми на Мрежата остава многу информации за сите нас. На некој тие му се потребни, ако е доволно моќен може да ги добие, и да манипулира на било кој можен начин.

Затоа, строго препорачливо е да користите анонимен идентитет. Тоа што сте го оставиле зад себе заврши. Биди анонимен!
Регрутација.

Firefox со изглед на други прелистувачи

Испратено од Новица во 27 Ноември, 2007 - 17:50.
::
Firefox

Ако сте некој од оние кои сакаат нивниот Firefox да изгледа како некој друг програм за сурфање или пак сте некој кој сака да му помогне на својот пријател со тоа што неосетно ќе го мигрира од IE на Frirefox, тогаш ова упатсво е за вас: врска.

Упатсвото на Linux.com ќе ви покаже како може лисицата да заличи на Сафари, Опера, Нетскејп...

Што да очекуваме од Linux во 2008г?

Испратено од А.Балаловски во 26 Ноември, 2007 - 20:04.
::
Linux

Авторот на Linux јадрото, Линус Торвалдс во интервју за InformationWeek даде краток осврт на тоа што можеме да очекуваме од Linux во 2008г. Најмногу напори ќе бидат сконцентрирани врз видео-поддршката, безжичните уреди и тврди дека јадторо има значаен напредок во областа на виртуелизацијата, иако самиот тој не се интересира многу во таа област.

Целото интервју можете да го проследите овде.

Linux.net.mk ќе биде недостапен на 30 ноември 2007 година

Испратено од Игор во 26 Ноември, 2007 - 00:18.

Поради миграција на нашиот хостинг провајдер Dreamhost, ќе бидеме недостапни на во петок, 30 ноември, 2007 година, најверојатно во период од неколку часа. Се извинуваме ако имате било какви проблеми поради тоа, кога ќе се вратиме повторно можете да следите овде.