Прва бета верзија на Gnash

Испратено од А.Балаловски во 19 Март, 2008 - 12:36.
::
gnu

Gnash е слободна варијанта на плеер за пуштање на мултимедијални записи во неслободен Флеш формат (Flash). Пред да почне да се развива овој софтвер Флеш датотеките можеа да се отвораат само со неслободни плеери, иако постојат и слободни варијанти кои не успеаа да го видат светлото на денот со постабилна и посериозна верзија. Gnash се базира на GameSWF, и поддржува многу SWF в7 можности.

Пред некое време излезе Beta верзија на овој софтвер. Засега работи солидно со многуте сајтови за прегледување на видео формати меѓу кои и Youtube.

Проектот е поддржан од Фондацијата за слободен софтвер, каде и се хостира проектот.
Бета верзијата можете да ја тестирате и да испраќате извештаи за грешки преку софтверот за пратење грешки или на поштенската листа на проектот.

Излезе GNOME 2.22

Испратено од Арангел во 12 Март, 2008 - 22:56.
::
gnome

GNOME 2.22 е најновата верзија на работната околина GNOME. Таа е популарна, повеќеплатформска работна околина. GNOME се фокусира на леснотија при работата, стабилноста и интернационализација од прва класа со поддршка за пристапност. GNOME 2.22 ги вклучува сите подобрувања кои се направени во GNOME 2.20 и постарите верзии. Ова издание е посветено на трагично загинатиот Raphael Higino, долгогодишен придонесувач во бразилскиот тим за превод на GNOME.

Што е ново во 2.22?

  • GVFS и GIO
    - цели да обезбеди модерен VFS систем кој е лесен за употреба. Неговата цел е да обезбеди API кое развивачите ќе го преферираат над POSIX IO повиците. Наместо да го клонира POSIX IO API-то, GVFS овозможува интерфејс од повисоко ниво кој е центриран околу документи
  • Интеграција со PolicyKit

GNOME 2.22 целосно преведен на македонски

Испратено од Арангел во 10 Март, 2008 - 09:38.
::
gnome

Има уште два дена до официјалното објавување на новото издание на GNOME. Во моментов најголема помош е потребна околу тестирање на преводите и пријавување на грешки на системот за пријавување на грешки.

Преведените PO датотеки можете да ги преземете од страницата за статистики за GNOME 2.22.

За тестирање препорачуваме GNOME Developer Kit.

Се надеваме дека ќе добиеме доволно извештаи за грешки до 7 април, кога излегува првата верзија со закрпи - GNOME 2.22.1.

KDE 4.0.2 од денес

Испратено од Кире во 5 Март, 2008 - 23:17.
::
kde
Денес заедницата на KDE објави дека излезе и KDE 4.0.2, втората подверзија на популарната работна околина KDE 4.0. KDE 4.0.2 доаѓа стандардно со многу подобрувања на софтверот, нови административни алатки, најразличен софтвер за графика, мултимедија, развој на софтвер и веб апликации, игри и др. Овој пакет на KDE моментално е преведен на 49 јазици.

Ubuntu Brainstorm: Идеи за развој на Ubuntu

Испратено од А.Балаловски во 3 Март, 2008 - 18:48.
::
Ubuntu

Имате идеја која сѐ уште ја нема во Ubuntu Linux? Или некоја имплементација не функционира како што очекувате и мислите дека може да се реализира на подобар начин? Објавете ја на Ubuntu Brainstorm.

Со оваа кампања, Ubuntu тимот, кој според тоа колку идеи и мислења се споделени на сајтот (па и преку нивните форуми) има навистина голема заедница, сака да ги сослуша корисниците на нивната омилена дистрибуција и да им пружа уште поголемо задоволство.

Google лето на код

Испратено од А.Балаловски во 3 Март, 2008 - 18:39.
::
Google

Google лето на кодот или Google Summer of Code, (скратено SoC), е настан кој се одржува веќе неколку години со ред. Голем број студенти од целиот свет учевствуваат во проекти кои директно ги спонзорира Google преку што овој гигант придонесува во развојот на слободниот софтвер.

Оваа година ќе има повторно SoC.

Fedora во НАСА

Испратено од А.Балаловски во 28 Февруари, 2008 - 21:50.
::
Fedora

Последно време се појавија Интернет гласини кои велеа дека во НАСА на големо се користи Fedora Linux. Тоа дека големи државни институции од светот користат некоја GNU/Linux дистрибуција не е ништо чудно. Одамна знаеме за користењето на GNU/Linux во NSA, националната агенција за безбедност на САД од каде произлезе и проектот SELinux, а овојпат авторот нѐ запознава со „внатрешноста“ на НАСА каде на многубројните фотографии се гледа користењето на RHEL и Fedora.

Интересна содржина, препорачана за секој.

Microsoft казнет со рекордни 899 милиони долари

Испратено од А.Балаловски во 28 Февруари, 2008 - 09:56.
microsoft

Речиси една милијарда долари казна за Microsoft од ЕУ. Поради нелојална конкуренција и монопол, оваа компанија многупати и досега била казнувана. Но оваа казна се чини дека најмногу ќе го наполни буџетот на Европската Унија. Од една страна ова е добар показател кон што и како се развива оваа компанија, која во минатите години не успеа да докаже дека навистина се грижи за своите корисници туку само за своите бизнис модели и цели, а од друга страна навистина е чудно колку мирно Microsoft ги прима одлуките за спроведување на казните кои постојано му се лепат. Од ЕУ велат, „Последната казна од комисијата е разумен одговор на неразумната работа на Microsoft“ и потенцираат дека досега на гигантот многупати му се сугерирало да ги почитува одредбите од законот на комисијата за лојален пазар и конкуренција на ЕУ.

Излезе Ubuntu Mobile

Испратено од А.Балаловски во 26 Февруари, 2008 - 13:21.
::
Ubuntu

Ubuntu Mobile е новиот производ на проектот Ubuntu, од која произлегува оперативен систем за мобилни уреди, со цел да се покријат потребите на компјутерските компоненти за мобилни Интернет услуги. Ubuntu Mobile е базиран на Ubuntu Linux, со поддршка за хардверски компоненти од познати производители, кои најавија негово искористување во иднина.

Ubuntu Mobile нуди можност за инсталирање и користење и на неслободни кодеци, кои стандардно не се вклучени во системот, како и редица познати апликации кои доаѓаат стандардно во системот.

 

Домашен мултимедијален сервер под GNU/Linux

Испратено од А.Балаловски во 4 Февруари, 2008 - 00:09.
Секакви

Многумина мислат дека склопување на серверска платформа е само за експертите кои се бават со тоа. Но овој текст нѐ разубедува во тоа. Многу сликовито и забавно опишува како можете да составите мултимедијален сервер кој ќе работи под GNU/Linux и преку кој ќе можете да уживате во Вашиот дом.

...склопување на хардверот.