Microsoft му се покори на Sun
Испратено од linuxmk во 26 Јануари, 2001 - 23:16.
::
Microsoft вчера ја среди судската парница во која беше инволвиран со Sun, базично согласувајќи се да престане да го употребува Java јазикот и верзиите што неговите инженери ги модификуваа. Sun покрена парница во 1997 година, обвинувајќи го Microsoft за кршење на авторските права и за прекин на договорот, а како одговор и Microsoft го даде Sun на суд. Судијата во мај минатата година ги отфрли тврдењата за нарушување на законот за копирање, но Microsoft “укапира” дека не може да победи во спорот за прекин на договорот и го среди случајот.
Според спогодбата:
Microsoft ќе му плати на Sun 20 милиони долари.
Microsoft не смее да го употребува JAVA COMPATIBLE логото на своите продукти.
Sun ќе може да му ги укине сите Java лиценци на Microsoft.
Microsoft ќе може да продолжи да ги дистрибуира постојните продукти што ја користат застарената Java 1.1.4 имплементација за 7 години, но не смее да прави никакви модификации на таа имплементација; идните верзии на постојните продукти мора да ги минат Sun-овите тестови за компатибилност.
Иако спогодбата е чиста победа за Sun, ова многу не го загрижува Microsoft во моментот кога развива сопствен “Java убиец”, C#.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
GeForce 2 MX „конечно“ во Apple компјутерите
Испратено од linuxmk во 26 Јануари, 2001 - 14:11.
::

Apple ја претстави новата серија на компјутери, Power Mac G4. Компјутерите имаат 133 MHz системски бас, пет додатни слотови (четири PCI и еден AGP 4x), како и вообичаените Firewire и USB порти. G4 линијата го одбележува и влезот на Nvidia во Mac пазарот, три од четири модели имаат GeForce 2 MX 32 MB AGP графички картици. Четирите модели имаат по 466, 533, 666 и 733 MHz процесори.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
AMD нема да го користи EV6 басот за Hammer процесорот
Испратено од linuxmk во 26 Јануари, 2001 - 14:09.
::

EV6 системскиот бас нема да се користи за Hammer фамилијата на 64 битни микропроцесори, но нема да биде заборавен. AMD ќе користи нов бас, т.н. NUMA бас. NUMA (Non-uniform Memory Access) басот е дизајниран за мултипроцесорски системи со осум или повеќе микропроцесори. NUMA му обезбедува на секој процесор сопствена мемориска банка и дел на заеднички RAM кој го делат сите процесори.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
ТУЖБА ПРОТИВ МАЈКРОСОФТ ЗА РАСНА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Испратено од linuxmk во 26 Јануари, 2001 - 14:05.
::

Седуммина поранешни и сегашни службеници на "Мајкрософт" поднеле судско барање против корпорацијата за отштета од пет милијарди долари поради расна дискриминација, пренесува МИА.
Според извештаите во светските медиуми, во барањето на тужителите, кои се Афро-американци, се истакнува дека во софтверскиот гигант постои дискриминаторски пристап кон националните малцинства и кон оценката на нивната работа. Адвокатот на тужителите посочи дека сумата побарана од "Мајкрософт" е сразмерна на големината на компанијата.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
Дали користиш Linux?
Испратено од Администратор во 26 Јануари, 2001 - 03:31.
::
- Најавете се за да испраќате коментари





