Dell ќе продава компјутери само со GNU/Linux
Испратено од Владо во 13 Јули, 2004 - 18:04.
::
На newsforge се појави сензационална вест дека Мајкл Дел решил да престане да продава компјутери со инсталиран MS Windows, а сето тоа се должи на огромниот притисок од страна на Мајкрософт, Dell да престане да продава компјутери со инсталиран GNU/Linux.
„Мајкрософт не е во позиција да не притиска. Со продавање на машини со инсталиран GNU/Linux, ќе им заштедиме на нашите муштерии околу 200 УСД по компјутер. Ако Мајкрософт сака да продолжи да продава Windows преку Dell, ќе мора да не замоли многу учтиво и да прифати дека имаме право да продаваме машини и со друг оперативен систем.“
Дел оди уште подалеку и вели дека планират сите свои интерни компјутери да ги префрлат на GNU/Linux до 1-ви ноември 2004. „Сваќаме дека ова е мошне амбициозна цел, но заштедата од интерните лиценцни права ќе ми дозволат да си купувам нов Ферари секој месец“.
- Најавете се за да испраќате коментари





