Добро време да го пробате Linux десктопот
Испратено од Владо во 12 Јули, 2004 - 18:37.
::

Интересна статија на eWeek поврзана со најновата бубачка во IE, и начинот и брзината на поправање на грешките во Мајкрософт и кај FOSS заедницата.
Приврзаниците на Windows оперативниот систем ќе ви речат дека GNU/Linux е исто така несигурен како и Windows, само не е толку користен па затоа кракерите не го злоупотребуваат толку често. Епа не е баш така. Ајде да видеме како се поправаат грешките во Мајкрософт, а како во FOSS заедницата...Мајкрософт ја поправи грешката во IE, која овозможуваше неовластено извршување на било која програма преку IE, со блокирање на расипаниот дел, ADODB.Stream. Браво! Но сеуште ги немаат поправено останатите дупки во IE, а не можат да кажат ни кога ќе се случи тоа. Најверојатно тоа ќе биде со XP SP2, но што е со постарите верзии на Windows? Бидејќи IE не е веќе посебна апликација туку е дел од оперативниот систем и не се издаваат нови верзии, за нив ќе нема спас.
Да видиме сега како Mozilla се справи со истата бубачка (која се јавува само во Windows верзијата, не и кај верзијата за GNU/Linux). Во почетокот на јули теоретски беше укажано како да се искористи оваа дупка. На 7-ми Јули, за нецел ден беше веќе поправена (и тоа со закрпа, а не со цела нова верзија). Дупката во IE сеуште не е поправена.
Поента: Сменете си го оперативниот систем, не прелистувачот!
- Најавете се за да испраќате коментари





