Sophora го избра GNU/Linux
Испратено од dec0der во 11 Јули, 2004 - 17:02.
::

Денеска беше официјално отворена првата македонска Аптека - Sophora, која својата работа од областа на компјутерските услуги ќе ја обавува на GNU/Linux оперативен систем. За таа цел е избрана дистрибуцијата Fedora Core 2, а за целиот проект беше задолжен Александар Балаловски (?) кој со привршувањето на проектот Amorphis оформи поле за имплементација на слободниот софтвер во фармацевтските установи.Значи проектот Amorphis вроди со плод. Плодот е, создавање на оптимизирана верзија на Fedora Core 2 за обавување на работата на фармацевтските установи, изработка на апликација за евиденција на производите (Kalapius v0.1), документирање на истата и можностите што ги нуди Fedora Core 2. На отворањето повеќе заинтересирани продискутираа за можноста да истиот проект биде имплементиран и во нивните установи.
Да се надеваме дека ова ќе ги мотивира и останатите фармацевтски установи (аптеки, лаборатории, веле-дрогерии итн.) да преминат кон користење на слободен софтвер. Софтверот што се користи во проектот, како и тој што произлезе од него е слободен и бесплатен, лиценциран според Генералната Јавна Лиценца (GPL). Повеќе информации на идејната страна на проектот што се привршува и ќе биде објавена за скоро време.
- Најавете се за да испраќате коментари




