Презентација на слободен софтвер на ПМФ
Испратено од ufo во 12 Мај, 2004 - 06:28.
::

Во четврток, во просториите на Природно - Математичкиот Факултет ќе се одржи предавање на тема: „Теорија и пракса на комплетно базирање на мало аудио/видео постпродукциско студио врз слободен и слободно достапен софтвер“. На предавањето ќе се говори за апликации како: Blender, The GIMP, YafRay, Aqis итн. и за нивната употреба како во некомерцијални, така и во комерцијални проекти.
Точната просторија во која што ќе се одржи предавањето сеуште не е одредена, но сите заинтересирани можат да дојдат во холот на првиот спрат во горната зграда на ПМФ во 17.00 часот.
- Најавете се за да испраќате коментари





