GNU/Linux Install Fest

Испратено од Иван во 6 Мај, 2004 - 19:56.
::
Linux
Како дел од напорите за унапредување, промовирање и распространување на слободниот софтвер во Македонија, ОССМ планира реализација на една доста стара идеја: GNU/Linux Install Fest. На овој Install Fest, ќе ви помогнат да инсталирате GNU/Linux на вашиот компјутер. Ако пак не сте заинтересирани да инсталирате GNU/Linux, можете само да се информирате, да си снимите CDa со слободен софтвер или да донесете систем со веќе инсталиран GNU/Linux кој ви прави проблеми – таму ќе ви помогнат да го средите. Датумот (некаде во средината на Мај) и местото за одржување на овој настан сеуште не се точно одредени. За нив секако ќе бидете на време известени. Во меѓувреме, пожелно е сите заинтересирани за присуство на Install Fest-от да се пријават на email, како би се знаела приближна бројка на луѓе што сигурно ќе дојдат.