Slackage

Испратено од ufo во 21 Април, 2004 - 22:24.
::
Slackware
Slackage треба да претставува GTK+ апликација базирана на *pkg алатките (installpkg, upgradepkg итн.) кои што доаѓаат со дистрибуцијата Slackware. Slackage ја следи својата база на податоци која што е синхронизирана со системската база на пакети, и со тоа се осигурува дека не можете да ја оплескате работата при евентуална надградба на системот. Проектот е во почетна фаза и објавување на стабилна верзија се очекува дури за неколку месеци. Менаџер на проектот е Томислав Марковски. Ве повикуваме да се приклучите и да го помогнете развојот на овој проект.