Договорот меѓу Владата и Мајкрософт под луп

Испратено од Иван во 16 Февруари, 2004 - 19:21.
::
microsoft
Утрински весник во денешниот број објави вест во која се вели дека "Антикорупциската комисија неделава ќе го разгледува договорот кој македонската Влада го склучи со компанијата Мајкрософт за набавка на софтвер во вредност од 3,9 милиони долари. Иницијативата на Антикорупциската комисија доаѓа по забелешките на опозициската ВМРО- ДПМНЕ околу начинот на кој е склучен договорот, односно тврдењата дека тој е штетен за државата. Опозицијата вели дека е спорно тоа што договорот е склучен со непосредна спогодба, а не преку јавен тендер." Браво за опозицијата, да се надеваме дека од сето ова ќе произлезе нешто во корист на народот... или можеби само корумпирана антикорупциска комисија?