Windows goes open source ?! :)
Испратено од Владо во 14 Февруари, 2004 - 04:01.
::

На Neowin.net се појави вест дека е украден дел од изворниот код на Windows NT и Windows 2000! Веста е потврдена и од Microsoft. Ова веќе предизвика паника во IT индустријата, бидејќи овој код може да биде искористен за изнаоѓање на голем број на сигурносни дупки во оперативниот систем. Според ZDnet, станува збор за 203 мегабајтна архива, која кога ќе се отпакува содржи околу 660МВ код, кој е само дел од целиот код кој е околу 4GB.
Па нека им е наздравје ;-)
- Најавете се за да испраќате коментари





