3D десктоп од SUN
Испратено од Владо во 2 Февруари, 2004 - 16:58.
::
SUN ја објави својата прва бета верзија на 3D Looking Glass десктоп, кој работи на Java и Linux. Наједноставно кажано, оваа технологија ви овозможува вашите 2D апликации да работат во 3D режим. Како пример ја имате Mozilla, чиј прозорец можете да го завртите за 180 степена и да пишувате белешки на грбот на тековно прикажаната страница. Има многу вакви примери но најдобро е да го симнете демото и да видите сами. Изгледа фантастично!
- Најавете се за да испраќате коментари




