Прва македонска linux дистрибуција!
Испратено од ufo во 2 Февруари, 2004 - 06:26.
::

Невладината организација Слободен Софтвер Македонија го објави започнувањето на проектот „МаЛинА (Македонска Линукс Алтернатива)“. Значи се работи за прв проект за изработка на оперативен систем целосно на македонски јазик. Покрај тоа што ќе биде достапна на македонски, „МаЛинА“ ќе биде објавена под GPL лиценцата и со тоа автоматски слободно и бесплатно достапна за сите заинтересирани корисници. Целта е да се создаде лесен за користење, десктоп оперативен систем коj ќе ги содржи сите потребни апликации за работа со персонален компјутер. Планот е целата дистрибуција да биде сместена само на 1 бутабилно цд базирано на Morphix.
Во моментов Слободен Софтвер Македонија е во потрага по волонтери (преведувачи, дизајнери, техничари) кои што би можеле да го помогнат реализирањето на овој проект. Доколку сакате да помогнете, тоа можете да го направите со пополнување на дадениот формулар.
- Најавете се за да испраќате коментари




