Израел му ја тресна вратата на Microsoft

Испратено од Владо во 16 Октомври, 2003 - 19:11.
::
microsoft
Израелската влада реши да ги суспендира сите владини договори со Microsoft со напомена дека забраната ќе трае цела 2004 година. Оваа забрана всушност значи дека нема да има upgrade на новата верзија на Office 2003, кое се планираше токму за овој период. Министерството за трговија истакна дека ќе се разгледува OpenOffice како алтернатива. Ова доаѓа како реакција на одбивањето на Microsoft да даде подршка на еврејски јазик за Macintosh верзиите на Internet Explorer и MS Office. Корисниците на Apple, фрустрирани од однесувањето на MS бидејќи Еврејскиот јазик е подржан во Windows верзиите на IE и MSOffice, и' се заканија на Израелската Антимонополска организација дека ќе ја тужат за непреземање на мерки околу ова очигледно монополско однесување на Microsoft. Под силниот притисок, оваа организација го примени членот од договорот со Microsoft од 1999 година во кој се вели дека сите антимонополски мерки кои ќе бидат преземени од Американското министерсво за правда против Microsoft, ќе бидат применети и во Израел. За целата сторија, кликнете овде .