AMD нема да го користи EV6 басот за Hammer процесорот

Испратено од linuxmk во 26 Јануари, 2001 - 14:09.
::
amd
EV6 системскиот бас нема да се користи за Hammer фамилијата на 64 битни микропроцесори, но нема да биде заборавен. AMD ќе користи нов бас, т.н. NUMA бас. NUMA (Non-uniform Memory Access) басот е дизајниран за мултипроцесорски системи со осум или повеќе микропроцесори. NUMA му обезбедува на секој процесор сопствена мемориска банка и дел на заеднички RAM кој го делат сите процесори. Секој процесор може да пристапи на своето парче меморија многу побрзо отколку на заедничката меморија, оттука и 'Non-uniform'. Исто така, секој процесор има можност да го користи целосно опсегот на системскиот бас. NUMA басот го има развиено фирмата Sequent, која ја претстави оваа технологија уште во 1996 година.by hardware.com.mk