Претставник на GNU.org во Македонија!

Испратено од ufo во 25 Август, 2002 - 04:51.
::
gnu
На покана на PCInfo+ а по препорака на www.linux.net.mk на 03-ти Септември во Скопје ќе допатува David Sugar од фондацијата FSF, со цел да одржи говор/презентација на ExpoCom 2002 кој ќе се одржи во ТЦ Палома Бјанка од 01-10 Септември. David Sugar е инволвиран во развивањето и промовирањето на Слободниот Софтвер веќе скоро 20 години и е еден од авторите на многу GNU пакети направени за GNU/Linux оперативниот систем, како на пример GNU Bayonne. Тој истотака е и еден од основачите на оваа организација, и сеуште еден од нејзините раководители. Повеќе информации за ExpoCom 2002 можете да најдете на www.expocenter.com.mk.