ТУЖБА ПРОТИВ МАЈКРОСОФТ ЗА РАСНА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Испратено од linuxmk во 26 Јануари, 2001 - 14:05.
::

Седуммина поранешни и сегашни службеници на "Мајкрософт" поднеле судско барање против корпорацијата за отштета од пет милијарди долари поради расна дискриминација, пренесува МИА.
Според извештаите во светските медиуми, во барањето на тужителите, кои се Афро-американци, се истакнува дека во софтверскиот гигант постои дискриминаторски пристап кон националните малцинства и кон оценката на нивната работа. Адвокатот на тужителите посочи дека сумата побарана од "Мајкрософт" е сразмерна на големината на компанијата.
Во истовреме, претставникот на компанијата Дин Кац изјави дека "Мајкрософт" не дозволува појави на расна дискриминација во односите со своите службеници и дека категорично се придржува кон принципот на правичен однос кон целиот персонал. Тој, притоа, потенцира дека националните малцинства сочинуваат 22,7 проценти од вработените службеници во компанијата, додека Афро-американците сочинуваат 2,7 проценти.
- Најавете се за да испраќате коментари




