Microsoft на Linux World Expo ?!

Испратено од ufo во 4 Јули, 2002 - 10:03.
::
microsoft
После долгата политика со отворен критицизам насочена кон Линуксот, Micro$oft изненадува со најавата дека ќе земе официјално учество на најголемиот Линукс експо саем во светот, "Linux WorldExpo", во Њу Јорк. Овој чекор би се оценил како подипломатски начин за доближување на Micro$oft до Линукс заедницата.Откако беше објавена оваа вест веднаш беше добиен одговор од Microsoft. Човекот задолжен за Windows сервер продуктите, Питер Хјустон се обиде да одговори на прашањето кое што без сомнение ви падна на ум веднаш откако го прочитавте насловот на оваа вест, а тоа е "Зошто"? Неговиот одговор беше дека оваа случка е од големо значење за Microsoft. Прво поради тоа што навистина имале, како што ги нарече тој, "инзвонредни продукти", кои што сакале да ги презентираат а и покрај тоа нивното присуство воедно би го искористиле и за правењето на првиот чекор накај форимирање на дијалог помеѓу Microsoft и Линукс и Open Source заедницата. Инаку Linux World Expo ќе се одржи од 13-15 Август 2002 година. Извадок од Linuxtoday.com, остатокот од текстот можете да го прочитате овде.