GNOMK - Проект за македонски превод на GNOME
Испратено од linuxmk во 10 Мај, 2002 - 05:59.
::

Започнат е gnomk - проект за локализација на GNOME. Членовите на gnomk се волонтери кои работат на проектот во своето слободно време. Доколку и вие сакате да се придружите во проектот испратете емаил на gnomk@linux.net.mk.За преведување на GNOME не е потребно да сте програмер. Доволно е да имате инсталирано Linux и да имате основни познавања на компјутерската терминологија и англискиот јазик. Инаку, проектот е сеуште во почетна фаза. Вести, информации како и статус на проектот ќе бидат објавувани на веб страната на gnomk.
- Најавете се за да испраќате коментари





