Ubuntu сѐ уште несоборен

Испратено од А.Балаловски во 30 Март, 2008 - 14:27.
::
Безбедност

На натпреварот за хакирање што под името Pwn2Own се одржа викендов, натпреварувачите преку безбедносните пропусти на трите најпопуларни системи требаше да срушат Mac OS X Leopard, Microsoft Windows Vista и Ubuntu GNU/Linux систем. Сите три беа ажурирани со последните безбедносни надградби достапни непосредно пред почетокот на „нападите“ преку нивните системи за надоградување.

Најбрзо падна OS X Leopard, по еден ден падна Vista, а Ubuntu остана непобеден. Тие кои успеаа да ги соборат Leopard и Vista како награда ги зедоа компјутерите на кои овие системи работеа.