Општата јавна лиценца во судот: непобедлива!

Испратено од А.Балаловски во 20 Март, 2008 - 18:05.
::
Лиценци

Со децении никој не се осмелил да ја предизвика Општата јавна лиценца од правна гледна точка. Впрочем никој не се ни осмелил да проба да ја победи на суд. Последната битка што ОЈЛ ја доби е во спорот помеѓу Правниот центар за слободен софтвер (Software Freedom Law Center) и Verizon, компанијата која ја имаше прекршено општата јавна лиценца и која на 17ти март, понуди паричен надомест со цел да се избегне дополнителното фијаско но и како начин за разрешување на спород надвор од судот.