Прва бета верзија на Gnash

Испратено од А.Балаловски во 19 Март, 2008 - 12:36.
::
gnu

Gnash е слободна варијанта на плеер за пуштање на мултимедијални записи во неслободен Флеш формат (Flash). Пред да почне да се развива овој софтвер Флеш датотеките можеа да се отвораат само со неслободни плеери, иако постојат и слободни варијанти кои не успеаа да го видат светлото на денот со постабилна и посериозна верзија. Gnash се базира на GameSWF, и поддржува многу SWF в7 можности.

Пред некое време излезе Beta верзија на овој софтвер. Засега работи солидно со многуте сајтови за прегледување на видео формати меѓу кои и Youtube.

Проектот е поддржан од Фондацијата за слободен софтвер, каде и се хостира проектот.
Бета верзијата можете да ја тестирате и да испраќате извештаи за грешки преку софтверот за пратење грешки или на поштенската листа на проектот.