Microsoft казнет со рекордни 899 милиони долари

Речиси една милијарда долари казна за Microsoft од ЕУ. Поради нелојална конкуренција и монопол, оваа компанија многупати и досега била казнувана. Но оваа казна се чини дека најмногу ќе го наполни буџетот на Европската Унија. Од една страна ова е добар показател кон што и како се развива оваа компанија, која во минатите години не успеа да докаже дека навистина се грижи за своите корисници туку само за своите бизнис модели и цели, а од друга страна навистина е чудно колку мирно Microsoft ги прима одлуките за спроведување на казните кои постојано му се лепат. Од ЕУ велат, „Последната казна од комисијата е разумен одговор на неразумната работа на Microsoft“ и потенцираат дека досега на гигантот многупати му се сугерирало да ги почитува одредбите од законот на комисијата за лојален пазар и конкуренција на ЕУ.
Еден од најголемите проблеми произлегува со тоа што Microsoft како компанија произведува оперативен систем - Windows. Во него има вклучено софтвер од редот на Internet Explorer, Windows Media Player итн. што практично е нож во грбот за оние производители на таков тип софтвер за овој оперативен систем. Кога корисникот ќе купи систем во кој се вклучени сите тие апликации, тој можеби и нема да побара производ од друг производител. Исто така казната се однесува и на НЕинтероперабилноста на Microsoft Office форматите, кои важат за најтешките формати за толкување и имплементирање од трети лица, во историјата на канцелариските пакети. За да заштедите нерви и време, а и многу пари, Ви препорачуваме да користите некоја слободна GNU/Linux дистрибуција, со канцеларискиот пакет OpenOffice.org.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Најавете се за да испраќате коментари





