Nokia го купува Trolltech

Nokia и Trolltech најавија дека Trolltech ќе биде купен од Nokia. Trolltech исто така испрати отворено писмо до заедницата на KDE, преку кое се повикува целата заедница на брејнсторминг со идеи и предлози за зделката која е во процедура. Nokia порача дека ќе остане на курсот на Trolltech, ќе ја поддржува заедницата на слободен софтвер, а веројатно и ќе стане патрон на KDE, исто како што беше и Trolltech. Исто така Nokia останува на патот на Trolltech следејќи го двојно-лиценцниот модел што компанијата го применуваше и досега.
Сето ова може да значи голема поддршка за тулкитот кој се користи нашироко низ светот, дуплирање на апликациите кои се базирани на Qt и уште еднаш го покажува степенот на развој на бизнис моделите кои за основа го зеле слободниот софтвер.
- Најавете се за да испраќате коментари





