Направете си Ваша GNU/Linux дистрибуција

Испратено од А.Балаловски во 25 Јануари, 2008 - 12:28.
::
Linux

Интересен текст во кој се објаснува како секој корисник може да си направи своја GNU/Linux дистрибуција. Се става акцент на создавањето дистрибуција од корен (Linux from scratch) и на тоа што се пропратно треба да изградите за да имате квалитетна дистрибуција. Доколку Вашата дистрибуција е јавна, треба да имате тим на развивачи кои ќе ја одржуваат, треба да пишувате документација и да обезбедите начин за нудење поддршка на корисници.