Trolltech ја објави Qt платформата под GPL v3

Норвешката компанија Trolltech за време на одржувањето на конверенцијата, посветена на развивачите ана софтвер кои ја користат Qt платформата објави дека ќе ја прифати GNU Јавната општа лиценца верзија 3 за понатамошните верзии на Qt почнувајќи од Qt4. Веста ја пренесе извршниот директор на Trolltech Хавард Норд.
Оваа вест беше пречекана со аплауз и одобрување како во салата, така и ширум интернет мрежата. Одлуката меѓу другото ќе овозможи неодамна издадената KDE 4.0, работна околина, или барем делови од неа да бидат издадени по GPL v3, изјави челникот на GNU и фондацијата за слободен софтвер, Ричард Сталман.
Trolltech очигледно добро ја разбрал стратегијата за развој на слободен софтвер базиран на неговите технологи и соодветно ги адаптира своите бизнис планови и модели на деловно работење. На почетокот ја користеа Qpl лиценцата, потоа преминаа на GPL v2, и сега се обврзаа да преминат на GPL v3, внимателно градејќи здрав еко систем, кон една технички супериорна и современа платформа како Qt4, чии технологии ги ползува KDE4, кои пак се употребени во KDE 4.x работната околина за доброто на секој корисник.
- Најавете се за да испраќате коментари




