Поддршка од сенаторот Обама за ODF, ако победи

Никогаш досега не се случило на овој портал да објавиме политичка вест. Но оваа е поврзана со она што ние го поддржуваме и за што се залагаме покрај слободниот софтвер - отворените и слободни формати. Имено, на тековната претседателска кампања за претседателските избори во 2008г. кандидатот за претседател Барак Обама најави дека доколку тој биде избран за претседател, ќе ја стави сета документација и останати владини податоци онлајн во транспарентен формат како што е Отворениот формат за документи.
„Мора да користиме технологија која ќе ја отвори и потенцира нашата демократија. Не е случајно што една од најтајните администрации во историјата, претпочиташе интереси и се водеше по правила кои едвај издржуваа до следното изгрејсонце. Како претседател ќе го сменам тоа. Ќе ги ставам владините податоци онлајн, во универзално-пристапни формати“, рече сенаторот во Google's Mountain View.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Најавете се за да испраќате коментари





