Споредба на ATI слободниот и неслободниот драјвер

Испратено од А.Балаловски во 5 Ноември, 2007 - 14:41.
::
amd

Од неодамна ATI објави драјвер за GNU/Linux кој поддржува и AIGLX. Дотогаш со користењето на неслободниот драјвер, можевте да имате 3D работна околина само преку користење на XGL серверот.

Phoronix постојано го прати развојот на видео драјверите, особено му посветува внимание на новиот слободен RadeonHD драјвер. Овојпат објавија содржина во која се споредуваат драјверите на ATI и RadeonHD при користење на AIGLX. Интересни резултати, имајќи го во предвид раниот развој на RadeonHD.