Излезе GIMP 2.4

Испратено од А.Балаловски во 25 Октомври, 2007 - 10:58.
::
gimp

После речиси три-годишен развој од излегувањето на GIMP 2.2, програмерите го објавуваат GIMP 2.4. Белешките за изданието можете да ги прочитате овде. Новитети има многу, како прво што се забележува е прекрасниот изглед на интерфејсот, па редизајнот на некои алатки. Има нова алатка за избираање на предниот дел од графиката, како и алатка за порамнување на сликата, реорганизирани се менијата за слоевите, подобрување има и во алатките за зголемување на сликата. Изворниот код може да се симне од (исто така редизајниранот) сајт на GIMP.