KDE4, трета бета

Проектот KDE оди сигурно кон следната голема официјална верзија на KDE4. На почетокот на 2008ма се очекува да се случи и тоа, а на патот до таму уште неколку бета верзии и кандидати за изданието. Така и со KDE4, beta 3 изданието. Од KDE велат:
„Оваа бета најмногу е фокусирана на завршување на дизајнот на библиотеките и подготовка за изданието на платформата за развој на KDE (KDE Development Platform). Сепак, многу видливи измени се направени и можат лесно да се забележат во оваа верзија на KDE4. Покрај новитетите и новите можности на KDE4, поправени се и многу пропусти и грешки во софтверот и стабилноста на бета 3 е значително зголемена во однос на претходните бета верзии. Со ова се означува почетокот за финализирање на KDE4.
- Најавете се за да испраќате коментари





