OSI одобри две лиценци на Microsoft

Испратено од А.Балаловски во 18 Октомври, 2007 - 18:50.
::
microsoft

Многу очи и усти останаа ширум отворени на неодамнешната одлука на OSI со која се одобрија две лиценци на гигантот кој сите овие години е во постојана борба со движењето за слободен софтвер. Имено,  делувајќи според советите на советот за одобрување на лиценци при OSI, бордот одобри две лиценци на Microsoft, и тоа: Microsoft Public License и Microsoft Reciprocal License. Одлуката за одобрување е донесена со консензус од заедницата на слободен софтвер и со нејзино знаење, што значи дека лиценците ги задоволуваат 10те критериуми на дефиницијата за „софтвер со отворен код“ (open source).

Како што и најавивме, некои одлуката ја сметаат за добра и чекор кон ослободување на Microsoft-овите кодови, некои пак за бизарна и со двојна умисла. Ќе видиме, ќе видиме...