Компатибилност на хардвер

Испратено од А.Балаловски во 3 Октомври, 2007 - 23:11.
::
Linux

Frederic Lapied, ентузијаст кој веќе подолго време придонесува за развојот на слободниот софтвер, деновиве на Интернет објави проект кој има за цел собирање информации и податоци за компатибилни и некомпабитилни хардверски компоненти на одредени GNU/Linux дистрибуции. Со тоа ќе се создаде база со информации за компатибилен хардвер кој Linux јадрото го поддржува.

На сајтот се вели: „компонентите се рангирани според нивната компатибилност со Linux. Ќе забележите бројки како 4.5x2 за рангираните компоненти. Тоа значи дека главната оценка за компонентата е 4.5 и дека двајца ја забележале оваа компонента“. Скалата на рангирање е од -5 до 5.