IBM се вклучува во развојот на OpenOffice.org

Испратено од А.Балаловски во 11 Септември, 2007 - 13:31.
::
OpenOffice

IBM ќе се приклучи кон заедницата на развивачи на OpenOffice.org и ќе придонесува со програмски код и ресурси кон овој проект, објавуваат од IBM. Оваа компанија веќе одамна го поддржува слободниот софтвер, особено кога станува збор за слободни стандарди и отворени формати како ОДФ, кој потекнува од OpenOffice.org проектот.

IBM сака да помага да се дојде до подобар канцелариски пакет кој ќе понуди уште подобри перформанси од тековните со што ќе се забрза вклучувањето на OO.org во владите, образовните институции итн.

Од IBM одлучија 35 свои развивачи од кинескиот развоен центар на компанијата да почнат да работат исклучиво на OpenOffice.org. Прекувремено ќе придонесуваат код, ќе работат на подобрување на употребливоста и можностите за пристапност до OO.org, со што ќе се подобри целиот квалитет на канцеларискиот пакет.