Linux, како во „Хаста ла Виста“

Испратено од А.Балаловски во 30 Август, 2007 - 23:52.
::
Linux

Се повеќе и повеќе содржини се појавуваат кои покажуваат успех на GNU/Linux. Дали се работи за прифаќање од компании, универзитети, индивидуалци и групи, или едноставно содржини кои велат дека GNU/Linux е најдобар избор за Вашите компјутерски потреби. И мораме да забележиме уште еден скромен но многу моќен детаљ, секоја година е сѐ подобра и подобра за десктоп состојбата на GNU/Linux.

Во оваа статија се зборува нешто слично.

Linux овозможува вашиот компјутер да работи побрзо, не паѓа, не се заразува со вируси и е слободен! Една цела декада беше достапен за професионалци да го инсталираат самите. Но сега, омилениот систем на гиковите доаѓа кон масите.

Содржината се задржува на изборот на неколку значајни компании да нудат платформски решенија за крајни корисници кои користат GNU/Linux дистрибуција, како што се Dell, HP итн.