Германија: 33 универзитети на GNU/Linux

Би било прекрасно кога слободниот софтвер се имплементира во сите образовни институции во нашата земја. Така државата ќе заштеди огромни суми пари, а учениците ќе добијат знаење кое може да е основно барање за идното работно место после нивното образование, запознавајќи се со слободниот софтвер.
Една таква прекрасна вест доаѓа од Германија. 33 универзитети преминуваат на GNU/Linux. Тоа прерачунато доаѓа дека GNU/Linux треба да користат повеќе од 560.000 студенти. Од таму велат:
„Овој чекор е направен за да им се понуди поефтин систем за образование на колеџите, истовремено овозможувајќи пофлексибилна IT архитектура во споредба со неслободниот софтвер.“
За таа цел избрана е Novell-овата дистрибуција SLED.





