Не! за OOXML

Преку официјално соопштение објавено на Интернет, Linux фондацијата ги охрабрува членките на ISO организацијата да гласаат против прифаќањето на форматот на Microsoft, OOXML. Преку издвојување на техничката комплексност на документацијата на OOXML, покренати се значајни прашања кои се поврзани различни организации за стандардизација во САД.
Еден формат за да биде отворен и слободен не може да биде во сопственост на некоја компанија, отворените формати даваат детални но едноставни спецификации за начинот на кој тие ги складираат податоците. OOXML не е таков.




