Get the facts, заврши

Неколку-годишната онлајн сага, која одеше под името „Get the facts", во која Microsoft патетично се трудеше да го оцрни лицето на слободниот софтвер, на GNU/Linux и да се прикаже како добрата месија, згасна. И тоа згасна неславно. После многуте критики и анализи се доаѓа до заклучокот дека Microsoft своите анализи преку Yankee групата ги правеа врз различни платформи, со различни капацитети на хардверот итн. со што се доби ново име за нивната веќе пропадната кампања - "Get the FUD".




