OpenFest 2007, Софија, Бугарија

Испратено од А.Балаловски во 28 Август, 2007 - 12:59.
::
Слободен софтвер

OpenFest е идеја за прослава, која треба да ги надмине границите наметнати од разликите и моралните норми. Секоја година треба да постои ден кога сите ние, поддржувачите на слободен софтвер треба да прославуваме достигнатите резултати, кога треба да сме поблиску до слободата и можностите што Мрежата ни ги нуди, преку користење на слободен софтвер.

OpenFest, кој ќе се случи на 27/28 октомври оваа година во Софија, Р. Бугарија, е таков настан. Каде сите треба да се дружиме и да го споделиме нашето знаење.