Преглед: Fedora Linux 7

Преглед на последната верзија на популарната дистрибуција, Fedora Linux.
Ако сте корисник на Fedora, крајот на мај значи само едно нешто, време за ново издание! Оваа година не беше ништо поразлична. Проектот Fedora продолжува со исполнување на распоредот на издавање, со изданието „Moonshine“.
Кај нас во тек е процес за популаризација на Fedora Linux преку нејзино локализирање и издавање на верзија погодна (преку нејзино изменување) за македонските корисници на GNU/Linux. Разделување на бесплатни дискови треба да се случи во средината на септември, за денот на слободен софтвер.




