Lenovo во соработка со Novell
По спектакуларното излегување на модели на Dell со Ubuntu Linux на пазарот, вест што ја фасцинира заедницата на корисници на слободен софтвер и во голема мера оправда борбата за слободен софтвер на сите кои се дел од неа, се чини дека и други гиганти најавуваат такви одлуки. Lenovo склучува соработка со Novell, со што корисници на Thinkpad ќе може да уживаат во моќта на слободниот софтвер, овојпат преку SUSE Linux Enterprise Desktop 10 (SLED).
Од Lenovo велат дека потребата за преинсталиран GNU/Linux на нивни модели, доаѓа по притисокот на ентерпрајз и крајни корисници да добијат можност за хардвер компатибилен со GNU/Linux, како и целосна поддршка од компанијата доколку тие одлучат да користат слободен софтвер на нивните Thinkpad машини.
Со овој чекор, Lenovo станува вториот најголем производител на компјутери со преинсталиран GNU/Linux систем.




