GNU/Linux на Google-овиот телефон

Испратено од А.Балаловски во 7 Август, 2007 - 15:48.
::
Linux

Според неофицијални извори, првиот мобилен телефон на Google, засега именуван како GPhone, ќе користи GNU/Linux како оперативен систем, а ќе работи на Texas Instruments чипсетот со име „Edge“. Производот ќе биде достапен за корисниците на мрежите на T-Mobile и Orange во текот на пролетта 2008г.

Иако Google одби да ги коментира овие гласини, изворот е дециден дека ќе видиме телефон од Google.